Отпуштен од болница и последниот повреден во автобуската несреќа во Бугарија

Македонски автобус Бугарија
Запалениот македонски автобус во Бугарија / Фото EPA-EFE/VASSIL

Последниот пациент кој беше повреден во автобуската несреќа на автопатот „Струма” во Бугарија, денеска е отпуштен од Клиниката за неврохирургија на болницата Пирогов во Софија.

Медицински тим од Република Северна Македонија попладнево го пренесува пациентот во татковината, јави дописникот на МИА од Софија.

Ова е седмиот повреден во инцидентот на 23 ноември во кој загинаа 45 лица, државјани на Северна Македонија.

Во денешното соопштение од болницата Пирогов се вели дека сите странски државјани кои ја преживеале несреќата на автопатот Струма се пренесени и нивната состојба се следи во Република Северна Македонија и Република Србија по нивното отпуштање од Пирогов.

Извор: МИА

Идентификацијата на жртвите во автобуската несреќа ќе заврши утре, в петок посмртните останки ќе бидат пренесени во земјава

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот