Отпаднаа тројца: Лазаров избра 18 ракометари кои патуваат за Краков на СП

Македонската ракометна репрезентација утре патува на Светското првенство, а селекторот Кирил Лазаров ги одреди 18-те ракометари кои ќе патуваат за Краков.
Од претходниот список со 21 ракометар отпаднаа тројца и тоа: Марко Кизиќ, Цветан Кузманоски и Давид Савревски. Треба да се знае дека иако тројцата не се на списокот сепак ќе бидат спремни ако има потреба да заменат некого од оние кои се на списокот.
Македонија првиот натпревар го игра во петок од 20:30 часот против Норвешка, а во нашата група се уште Холандија и Аргентина против кои играме во недела и вторник. Тие два натпревари ги играме во терминот од 18:00 часот.
СПИСОК НА МАКЕДОНИЈА:
Голмани: Никола Митревски (Порто) Мартин Томовски (Вардар)
Леви крила: Дејан Манасков (Вардар) Петар Атанасијевиќ (Е. Пелистер 2)
Леви бекови: Филип Талески (Вардар) Иван Џонов (Т. Пролет)
Среден бек: Филип Кузмановски (Хановер) Игор Ѓоргиев (Алкалоид) Павле Атанасијевиќ (Е. Пелистер)
Десен бек: Томислав Јагуриновски (Т. Пролет) Мартин Серафимов (Алкалоид)
Десно крило: Гоце Георгиевски (Вардар) Ненад Костески (Е. Пелистер)
Пикери: Никола Маркоски (Алкалоид) Жарко Пешевски (Е. Пелистер) Марко Стојковиќ (Алкалоид) Костадин Петров (Тор)