Откупот на грозјето и исплата на пензии на дневен ред на новата владина седница

Свеченост по повод 8 Септември - Денот на независноста/ Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи петтата седница, информира владината прес-служба.
На седницата, на предлог на Министерството за економија ќе биде разгледан Предлог-законот за општа безбедност на производите.

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на дневен ред за разгледување е и Информацијата за состојбата на откупот на грозје од реколтата 2020, како и Информацијата за исплата на пензии, за септември 2020 година, подготвена од Министерството за труд и социјална политика. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот