Откуп на тутунот: Притисок врз Второстепената комисија, претставници на тутунарите утре на средба со Заев

фото: МИА

Откупот на тутунот продолжува непречено и има мало подобрување на линијата, а притисокот сега е најголем на Второстепената комисија каде пристигнуваат голем број на приговори, констатираа денеска од Земјоделскиот инспекторат при Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп и од Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.

Според Зоран Пачешкоски, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп, сите се постојано на терен, кај откупните пунктови.

– Постојано го следиме текот на откупот. Има незадоволни тутунари, има оспорувања. Второстепената комисија денеска беше во Долненско, ги проверуваме приговорите и незадоволствата. Но, мора да кажеме дека има и тутунари со влажен тутун, па го повлекуваат за да се исуши. Ја повикуваме Второстепената комисија активно да ги решава случаите на оспорување на откупот, рече Пачешкоски.

Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија, смета дека упорноста за буден надзор за реален откуп ќе даде резултати.

– И ние, заедно со Иницијативниот одбор на тутунарите сме постојано на теренот. Има оспорувања на откупот. Ако сме упорни и го продолжиме притисокот за реален откуп, ќе може да се подобри ситуацијата. Има благо придвижување, а ние нема да дозволиме тутунарите да бидат оштетени, вели Стомнароски.

Како што информира Зоран Шапуриќ, директор на Државниот земјоделски инспекторат, само вчера се достасани нови 40 приговори, што заедно со претходните над 100 во овој откуп, досега не е забележано. Откупени се близу 3.000 тони на тутун од реколтата од над 23.000 тони.

Претставници на тутунарите за утре најавија средба со премиерот Зоран Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот