„Откривањето на тајни документи од Хаг може да ја загрози работата на судот“

Специјален суд во Хаг / Фото: Архива

„Мислам дека е вистинска криза“, рече Марк Елис, извршен директор на Лондонската меѓународна адвокатска комора и експерт за меѓународно кривично право.

„Ова е чисто заплашување и напад врз судот, врз процесот, врз фер судењето. Ако сте во средина каде што групи или поединци даваат информации за имињата и адресите на сведоците, тогаш целиот процес во суштина пропаѓа. Не може да работи“, изјави Елис за Радио Слободна Европа.

Оваа реакција на Елис следи откако непознато лице, трет пат по ред, пред канцелариите на ОВК во Приштина остава стотици документи за кои постои сомневање дека припаѓаат на Специјалното обвинителство со седиште во Хаг, кое ги истражува поранешните припадници на ОВК со наводите дека извршиле воени злосторства во Косово.

Пред два дена обвинителот за воени злосторства на ОВК Џек Смит предупреди дека кривично ќе ги гони лицата кои ќе го откријат идентитетот на потенцијалните сведоци или ако помогнат во тоа.

И Претседателот на Косово, Хашим Тачи се изјасни против објавувањето на досиејата бидејќи истекувањето на класифицирани информации може да биде на штета на потенцијалните обвинети. Тачи рече дека ова прашање е крајно загрижувачко.

„Неодамнешните случувања каде се тврди дека има протекување на информации класифицирани од овие институции се крајно загрижувачки бидејќи тие ја оштетуваат главната причина поради која беше одлучено овие институции да бидат преместени надвор од Косово. Доколку се утврди дека класифицираната информација што е откриена е автентична, очекувам релевантните власти на овие институции да спроведат кривични истраги за овој настан и лицата одговорни за ова протекување на класифицирани информации, кои и да се тие, да бидат изведени пред лицето на правдата. “ рече Тачи за косовските медиуми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот