Откритие на германските научници: Со едноставен тест на крвта можат да предвидат СМРТ!

Фото Архива на СП

Докторите уште сега можат да го предвидат ризикот од смрт на пациентот во следната година врз основа на показатели како што се крвниот притисок и нивото на холестерол.

Германските научници развиле тест на крвта со кој можат да се утврдат ризиците за смрт во наредните 10 години. Група стручњаци од Институтот за биологија „Мек Пленк“ спровела студија во која учествувале 44.000 луѓе на возраст меѓу 18 и 109 години.

Го процениле ризикот за смрт на доброволците врз основа на повеќе фактори, меѓу кои индексот на телесната маса, крвниот притисок, нивото на холестерол, консумирањето алкохол, пушењето и веројатноста да се развие карцином или срцеви болести.

Истражувањето траело 16 години, а за тоа време умреле вкупно 5.512 учесници.

Според резултатите, идентификувани се 14 биомаркери во крвта кои укажуваат на шанси за долг живот.

Според нив научниците го процениле ризикот за смртност на останатите учесници.

Анализата на овие карактеристики покажува дека 83 проценти од биомаркерите се точни во предвидувањата дека лицето ќе умре во следните 10 години, пишува Спутник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот