Откријте како сами да си го „читате“ хороскопот: Што откриваат за вас „подзнакот“ и наталната Месечина

дневен хороскоп
Фото: Unsplash

Ајде, да почнеме од првиот чекор. Ако некогаш сте се чувствувале неповрзани со карактеристиките на вашиот „знак“, да ви објасниме зошто. Затоа што не сме сите Рипчиња, Лавчиња, Водолии, Девици…исти, и никогаш нема да бидеме. Затоа што во „кој знак си роден“ не значи баш многу. Затоа, кога ќе ги читате (релевантните) месечни, дневни или неделни хороскопи, не читајте го тоа што пишува за вашиот знак, туку за вашиот подзнак. 

Без оглед на тоа дали верувате во астрологија или не, има шанса да го поставите прашањето некогаш: „Во кој знак сте родени?”. Сепак, одговорот нема да ви ја даде „личната карта“ на човекот кого го прашувате. За да откриете повеќе за себе, или за луѓето кои се родени во еден знак, треба да погледнете уште (најмалку) во две нешта, за почеток. Во „подзнакот“ и во наталната Месечина. Кога ќе ги составите сите овие „ѕвезди“ заедно, ќе ви дадат поубава слика и многу поинаков портрет на една личност.

Во кој знак сте родени?

Тоа не кажува (баш) многу. Тоа е „знакот“ кој астролошки „ве определил“ во времето во кое сте биле родени и со тоа ве „сместил“ во одредена група на „речиси па, слични“, ама далеку од многу слични или исти. Сонцето тогаш било во вашиот „знак“ и секако, според астролошкиот речник, ќе си ги носите карактеристиките на тој знак. Ама, што е Сонцето? Тоа го претставува нашето его. Знакот во кој сме родени значи – како нашето его се поврзува и се справува со светот и предизвиците. Ако сме Рипчиња, на пример, ќе се справуваме со светот на уметнички начин, ако сме Овни – на воинствен начин, ако сме Бикови – ќе гледаме да го добиеме најдоброто за себе, и така натаму…

Каде ви е Месечината?

Додека Сонцето во знакот во кој сте родени ја покажува вашата „светла“ страна, Месечината ја претставува онаа потемната, ама далеку поемотивна страна на вашата личност…

 

Прочитајте го целиот текст ТУКА
Извор: Еспресо.мк

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот