ОТКРИЕНО ЗОШТО ТРАМП САКА ДА ГО КУПИ ГРЕНЛАНД: Америка одамна му фрлила око на данскиот остров, причината е брутална!

Идејата на Доналд Трамп за купување на Гренланд можеби е само фантазија, но САД и порано „им фрлиле око“ на ресурсите на данскиот остров.

Посебно им се интересни богатите наоѓалишта на метал во ретката земја, тврди “Financial Times”.

Вашингтон неодамна со Гренланд потпишале меморандум за вадење на технолошки метал, трагајќи за алтернативни извори за снабдување, бидејќи Кина наговестила дека би можела да го ограничи нивниот извоз во САД, наведува весникот.

Наоѓалиштата на ретките оксиди на Земјината кора на Гренланд се проценуваат на 38,5 милиони тони. Колку за споредба, наоѓалиштата во остатокот од светот содржат 120 милиони тони.

Гренландските наоѓалишта содржат неодимиум, прасеодимиум, дисрозиум, теребиум, ураниум и нуспроизводи на цинк. Неодимиум, теребиум и дисрозиум се користат како магнети во моторите на електричните возила. Батериите на хибридните автомобили содржат и лантам, кој го употребува и американската војска во уредите за ноќно набљудување. Гадолиниум може да се најде во уредите за магнетна резонанца.

Кина доминира во глобалното производство на 17 технолошки метали кои тешко се комерцијализира, а клучни се за технолошката индустрија, електричните возила, ветротурбините и воената технологија. Кинескиот удел во глобалното производство на тие метали е 70 проценти, а во преработка е и уште поголем, наведува “Financial Times”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот