Откриено зошто Трамп никогаш не се фотографира со својата најмлада ќерка Тифани

Фото: Инстаграм

Поранешна асистенка во семејството на Трамп, за светските медиуми открива што всушност актуелниот претседател на САД мисли за својата најмлада ќерка.

Во неофицијален разговор, поранешната асистентка на Трамп, Медлин Вестерхаут открива дека имала многу подобар однос со ќерката на Трамп, Стефани, отколку нејзиниот татко.

Таа изјавила дека претседателот не сакал да го фотографираат со Тифани бидејќи таа била предебела, пренесува rt.com.

Поранешната асистентка по неколку пијалаци му ја „отворила душата“ на еден од новинарите и всушност му кажала што претседателот мисли за сопствената ќерка.

Често се случува персоналот на Белата куќа да вечера со новинарите кога претседателот е отсутен, а неа останатите ја обвинуваат дека го прекршила кодексто за приватност и однесување.

Персоналот од Белата куќа соопшти дека нејзината изјава била извадена од контекст и дека тоа не е точно.

Трамп, по изјавата на поранешната асистентка, изјавил дека тој си ја сака ќерката и дека со неа се постојано во контакт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот