Откриено зошто американската армија изврши напад во Кабул: Бомбаш самоубиец итал кон аеродромот

Авганистанците го напуштаат Кабул/ Фото EPA-EFE/Sgt. Samuel Ruiz / US Marine Corps via DVIDS / HANDOUT Released

Американската војска денеска соопшти дека извршила воздушен напад во авганистанскиот главен град за да избегне „непосредна” закана за аеродромот во Кабул од терористите на ИСИС – К, јави ДПА.

Беспилотно летало успешно погоди автомобил што припаѓа на локалната група на терористичката милиција Исламска држава, наречена Исламска држава Хорасан, или ИСИС-К, соопшти армијата на САД.

Со оглед на тоа што имало „значајни секундарни експлозии” по нападот, се претпоставува дека сигурно имало голема количина експлозив во возилото.

Војската ја разгледува можноста во нападот да загинале цивили. Сепак, засега нема индикации за тоа, соопшти американската армија.

ИСИС-К ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад на аеродромот во Кабул во четвртокот, во кој загинаа неколку десетици луѓе, вклучително и 13 американски војници.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот