Откриено зашто Јувентус е пред продажба на Роналдо

твитер

Фудбалска вест број еден денеска е дека Кристијано Роналдо може да го напушти Јувентус и тоа поради понудата на Челси од 120 милиони евра.

Веднаш по таа информација, логично прашање беше зашто Јувентус да го продава својот најдобар фудбалер, а одговорот го дадоа италијанските новинарите.

Имено, Јувентус се наоѓа во големи финансиски проблеми, „старата дама“ е во минус од дури 50 милиони евра, односто под границата за „здраво финансиско работење“.

Како главен виновник за минусот е пандемијата на коронавирусот која го остави италијанскиот шампион без заработка од ТВ правата, продажбата на влезници и на сувенири.

Освен тоа, екипата е проценета на 614.7 милиони евра. Четворица фудбалери се повредни од минусот на „старата дама“, Пауло Дибала е проценет на 72 милиони евра, Матијс де Лихт на 67.5 милиони, Кристијано Роналдо на 60, а Миралем Пјаниќ на 52 милиони евра.

Исто така голем товар за управата претставуваат и големите плати на уграчите, а тука лидер без конкуренција е Роналдо со 30 милиони евра годишни примања и поради тоа нема да биде изненадување доколку челниците на екипата се согласат на негова продажба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот