Откриено со кого вечерале Меган и Хари по „самитот на милијардерите“, а можно е да бидат дел и од доделувањето на Оскарите!

Неколку часа откако принцот Хари и Меган Маркл учествувале на „самитот на милијардерите“, кралскиот пар потоа вечерал заедно со славната пејачка и актерка Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник Алекс Родригез, во четвртокот вечерта во Мајами, пренесува „Њујорк пост“.

Како што пренесува овој американски медиум,  38-годишната Меган и 35-годишниот Хари веднаш се поврзале со 50-годишната Џенифер и 44-годишниот Алекс, за време на вечерата во Хабитат, елитен ресторан сместен во хотел во Саут Бич.

„Хари и Меган добро се сложија со Џенифер и Алекс. Оние кои седеле близу нив слушнале како Џеј Ло ги повикува Меган, Хари и нивниот син Арчи во нивната куќа во Мајами, да се дружат со нивните деца“, пренесува извор близок до кралското семејство.

профимедиа

Меѓутоа, засега нема информаци за тоа дали парот ја прифатил понудата на славната пејачка.

Од друга страна, според засега неофицијални и непотврдени информации, се шпекулира и дека принцот Хари и Меган Маркл би можеле да се појават на сцената за време на доделувањето на Оскарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот