Откриено што се наоѓа во тајниот сеф на британското кралско семејство

Фото: Профимедиа

Британските медиуми пишуваат дека е откриено што се се наоѓа во тајниот сеф на британското кралско семејство. Станува збор за тестаменти кои ги содржат последните зборови на членовите на кралското семејство.

Во сефот се наоѓа и тестаментот на принцот Филип, заедно со тестаментите на 32 други високи членови на кралското семејство. За него се грижи судијата на Врховниот суд, сер Ендрју Мекфарлејн.

Тој за британските медиуми открил дека пораките датираат од принцот Францис од 1911 година, а во него се наоѓаат и последните желби на мајката на кралицата Елизабета, на нејзината сестра принцезата Маргарет и на кралот Едвард Осми. Другите тестаменти во овој строго доверлив сеф се и оние на вујкото на Филип, лордот Луис Маунтбатен од Бурма, на кралицата Марија, сопругата на кралот Џорџ Петти и на принцезата Беатрис.

„Сега сум чувар на сефот кој содржи повеќе од триесет коверти, од кои секој наводно содржи запечатен тестамент на починат член на кралското семејство. Можам да потврдам дека најраниот таков коверт е оној што го содржи тестаментот на принцот Францис. Најновите додатоци беа направени во 2002 година и тоа се тестаментите на кралицата Елизабета, на нејзината мајка и на принцезата Маргарет“, рекол Мекфарлејн.

Меѓутоа, освен сознанијата чии тестаменти се чуваат во кралскиот сеф покрај оној на војводата од Единбург, мошне мали се шансите во јавноста да излезат детали од некои документи. Во соопштението објавено во септември, Мекфарлејн рекол дека кралското семејство има право на зголемено ниво на приватност за да го заштити достоинството и угледот на јавната улога на членовите на семејството.

Тој додал дека објавувањето на списокот служи за да се постигне транспарентност, но ништо повеќе од тоа.

Да потсетиме, принцот Филип почина во април оваа година, а неговиот тестамент, како и тестаментите на сите членови на кралското семејство, ќе останат тајна најмалку 90 години.

 

Видео на денот