Откриено што му се случило на Сала при падот на авионот

Трагично настраданиот аргентински фудбалер, Емилијано Сала и неговиот пилот биле изложени на опасно високо ниво на јаглерод моноксид во кабината на авионот кој подоцна се сруши во Ламанш, објавија британските истражители.

Токсиколошките резултати покажаа дека во крвта на Сала било пронајдено високо ниво на јаглерод моноксид, дури 58 проценти, осум повеќе од границата која се смета за фатална.

„Пристигнаа резултатите од крвта на Сала, кои покажаа дека тој бил подложен на јаглерод моноксид. Изложеноста на овој гас влијае врз мозокот, срцето и нервниот систем, а сето тоа без сомнеж ја намалува и способноста на пилотот да управува со авионот“, стои во медицинскиот извештај објавен денеска.

Авионот Пајпер Малибу во кој се наоѓаа Сала и пилотот Дејвид Иботсон се сруши на 21 јануари во Ламанш на летот од Нант за Кардиф каде Аргентинецот требаше да ја продолжи фудбалската кариера.  Телото на Емилијано Сала беше пронајдено две недели по несреќата додека телото на пилотот Иботсон се уште не е пронајдено. Во извештајот на истражителите не е наведено каква улога имал јаглерод моноксид во падот на авионот но се смета дека во одредена мера влијаел на пилотот.

„Во овој авион кокпитот не е одвоен од кабината и затоа веруваме дека пилотот бил подложен на јаглерод мопноксид“ стои во извештајот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот