Откриено: Пентагон развил ново биолошко оружје, па го пуштил меѓу жителите на САД

Пентагон / Фото: МИА

Членови на Претставничкиот дом на САД стравуваат дека Пентагон пред неколку децении експериментирал со грини, а потоа ги пуштил надвор од лабораторијата, што предизвикало ширење на Лајмска болест, од која во САД боледуваат 300.000 луѓе.

Весникот „Рол кол”, специјализиран за покривање на сите настани во Конгресот и Капитол хил, пишува дека Претставничкиот дом одлучил да поддржи амандман на Законот за одбрана во 2020 година, што ќе бара Министерството за одбрана да ги провери шпекулациите за лабораториски модифицирани грини.

Републиканскиот парламентарец Кристофер Смит од Њу Џерси го напиша амандманот, кој бара од главниот истражувач на Стејт департментот да спроведе истрага и да поднесе извештај за тоа дали Министерството за одбрана од 1950 до 1975 година експериментирало со грини и други инсекти за да ги користат како биолошко оружје.

– Потребни ни се одговори и тоа веднаш – истакнал Смит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот