Откриено колку пари бара Надал за настап на помалите турнири

Фото: EPA-EFE/DAVE HUNT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Рафаел Надал во само неколку дена се откажа од два помали турнири со што си го загрози второто место на АТП ранг листата.

Надал прво поради повреда го откажа настапот на турнирот во Ротердам, а сега се откажа и од турнирот од серијата АТП 500 во Акапулко кој досега го освојуваше три пати. Последен пат триумфира минатата година, а интересно е што причина за отсуството не е повреда, туку пати, односно организаторот нема доволно средства за да го донесе Надал. Оваа информација ја откри директорот на турнирот, Раул Сурутуса.
– Односот со агентот на Рафаел Надал е одличен, преговорите беа отворени но, реалноста е дека немаме толку пари. Нашиот буџет е ограничен и поради тоа одлучивме да го искористиме за доведување на тенисерите кои мора да ги донесеме – призна директорот на турнирот.

Одамна е познато дека најдобрите тенисери добиваат „премија за настап“ на помалите турнири, а според извори блиски до директорот на турнирот во Акапулко, Рафаел Надал за учество на турнирите од АТП сериите 250 и 500 наплатува помеѓу 500.000 и милиони долари.
„Многу ми е жал што нема да настапам на Акапулко 2021. Ова е тешка година за сите нас и со мојата моментална состојба, со болките во грбот, невозможно е да одам на толку долг пат. Многу ми се допаѓа Акапулко, таму играв во последните четири години, но оваа тоа не е можно. Се надевам дека во 2022 година ќе бидам таму“, напиша Надал на својот Твитер профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот