Откриено кои маски се најдобри: Имаат речиси 100 отсто заштита, а можат да се носат подолг период

Фото: sustainable-bus.com

Најголемата европска лабораторија „Квалифика Груп“, со седиште во Италија, го заврши тестирањето на неткаени маски кои биле направени од научници од Новосибирск.

Тестирањето во лабораториски услови покажало дека новосибирските маски со наносребро имаат најголем степен на бактерицидна филтрација – 99,9 отсто.

Интересно е дека овие маски можат да се носат, не само еден или два часа, туку 12 часа непрестано, сметаат европските научници.

Како што е познато, вакцините против коронавирусот се прават против конкретниот вид. Меѓутоа, вирусите мутираат, а наночестиците на среброто немаат конкретна мета. Тие ги уништуваат видовите кои се присутни во воздухот, без разлика на нивната природа. Од ова произлегува дека „британскиот“ вид на коронавирус не е опасен за оние кои ја носат оваа маска.

Фармацевтските компании веќе се заинтересирани за пронајдокот на сибирските научници.

Извор: Србијаданас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот