Откриено како починал синот на шеикот – УЖИВАЛ ВО ДРОГА, ЖУРКИ И ОРГИИ (ФОТО)

профимедиа

Модниот дизајнер и синот на арапскиот шеик Султан бин Мухамед Ал Касими, пронајден е мртов во Лондон. Младиот шеик Калид бин Султан Ал Касими почина ненадејно во 39 година од животот, а модниот свет се збогува од овој дизајнер.

Во врска со причините за прераната смрт, се верува дека има поврзаност со дрога, бидејќи претходниот ден во неговиот стан имало журка со оргии и дрога.

Како што пренесуваат изворите, во станот била пронајдена поголема количина на дрога, но полицијата се уште ниту го потврдила ниту го демантирала ова.

 

View this post on Instagram

 

Will always be my Angel @khalid_qasimi RIP ?

A post shared by MARIANO VIVANCO ? (@marianovivanco) on

Изворот вели дека шеикот ненадејно починал поради предозираност.

Покрај полициската истрага, наложена е и итна внатрешна истрага, а на лицата им е наредено да молчат, додава изворот.

На неговиот погреб присуствуваа голем број на луѓе.

Шеикот на деветгодишна возраст се преселил во Лондон, каде учел во престижното училиште Тонбриџ во Кент. Тој во 2008 основал своја модна куќа Quasimi Homme, а минатата година ја отворил првата продавница во Лондон, а настапувал и на модната недела во Париз и на Блискиот исток.

Беше исклучително талентиран и вреден работник. Ал Касими беше прекрасна личност, изјави неговиот пријател и поранешен партнер Елиот Фриз.

Поради оваа трагедија знамињата во Емиратите три дена ќе бидат на половина копје.

Инаку шеикот веќе загуби еден син на истиот начин. Во 1999 тогаш 24-годишниот Мохамед почина во Лондон од предозираност со хероин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот