Откриено името на бебето на Хари и Меган!? - Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Откриено името на бебето на Хари и Меган!?

Агенцијата Вилијем Хил веќе не прима уплати со типови за полот и името на бебето, бидејќи оваа информација подолго време се шири низ јавноста.

Британија е во постојано исчекување на раѓањето на новото кралско бебе, прво дете на принцот Хари и војвотката од Сасекс, Меган Маркл.

Според сите типувања, шпекулации и инсајдерски информации, Меган и Хари очекуваат девојче кое ќе го носи името Дијана.

Агенцијата Вилијем Хил веќе не прима уплати со типови за полот и името на бебето, бидејќи оваа информација подолго време се шири низ јавноста. Оттаму претпоставуваат дека некој има сигурна информација директно од кралското семејство или дека можеби, некој видел снимка од ултразвук.

На прво место на типовите за име цело време стои Дијана, а понатаму се Викторија, Елис, Грејс и Елизабет, додека сè поголеми коефициенти имаат машките Алберт, Артур и Џејмс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close