Откриено е зошто украинските војници се повлекуваат од Северодонецк

Украинска војска EPA-EFE/VASILIY ZHLOBSKY

Украина ја реконфигурира својата одбрана во секторот Северодонецк-Лисичанск, додека руските оклопни единици продолжуваат да напредуваат на јужниот раб на населената област, тврди британското министерство за одбрана


Со индетично тврдење излезе и американски Пентагон според чии преставници ова повлекување на Украинците ќе ги зајакне одбранбените позиции и дека дополнително ќе го исцрпи рускиот персонал и опрема.

Преставник на Пентагон додаде дека напредувањето на Русија кон Северодонецк веќе покажува знаци на „трошење“, што само дополнително ќе ги забави офанзивните операции на Русија во Донбас.

Британското Министерство за одбрана излезе со тврдење и дека од почетокот на јуни имало големи потреси меќу највисоките генерали на руската армија, што довело до разрешување на генерал-полковникот Андреј Сердјуков, кој беше на чело на Воено-десантните сили (ВДВ). и Александар Дворников, командант на јужните армиски трупи. ).
Според британските и украинските извори , за време на 122 дена од почетокот на руската спецјална операција Русија загубила 34.700 војници

Украинскиот центар за стратешки комуникации и информациска безбедност тврди дека биле уништени 1.511 тенкови и 217 авиони на руската армија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот