Откриено е зошто Роналдо сака да си оди од Јунајтед

Кристијано Роналдо има уште една година договор со „црвените ѓаволи“/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Кристијано Роналдо им е лут на челниците на Манчестер јунајтед поради намалувањето на платата и сака во летниот преоден рок по секоја цена да си замине од „Олд трафорд“.

Неговиот агент Жорге Мендеш веќе некое време го нуди на екипите низ Европа, а сега капитенот на Јунајтед, Хари Мегваер, случајно или намерно ја откри вистинската причина за желбата на Роналдо да си замине.

Мегваер „лајкна“ објава на социјалните мрежи во која се наведуваат информации за Португалецот и неговото заминување од Јунајтед.


– Роналдо е лут затоа што на сите играчи им се одбиени 25 отсто од платата поради необезбедениот пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Поради тоа, Португалецот наместо 480.000 фунти, во новата сезона ќе заработува 360.000 фунти неделно – објави „Спортбајбл“, а „лајкна“ Мегваер.

Потегот на капитенот не остана незабележан од фановите и новинарите кои веднаш тој потег го протолкуваа како причина за барањето на Роналдо да си замине.

 

Роналдо по секоја цена сака да си оди од Јунајтед, сега му се нуди и на Атлетико Мадрид

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот