Откриено е што им кажал Ериксен на лекарите кои го вратија во живот

epa09266204 Christian Eriksen (C) of Denmark is stretchered off the pitch after receiving medical assistance during the UEFA EURO 2020 group B preliminary round soccer match between Denmark and Finland in Copenhagen, Denmark, 12 June 2021. EPA-EFE/Friedemann Vogel / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

На Кристијан Ериксен ќе му биде вграден дефибрилатор кој во иднина ќе ја регулира работата на срцето.

Данскиот репрезентативец колабираше во 43 минута на натпреварот против Финска изминатата сабота, а лекарите 20-тина минути се бореа да му го спасат животот. Откако успеаја да го реанимираат на теренот на „Паркен“ стадионот, Ериксен итно е префрлен во болница поради понатамошно лекување, и од таму објави фотографија за да покаже дека неговата здравствена состојба се подобрува.

Стадионскиот доктор Јенс Клајнфелд прв го започна процесот на реанимација на Ериксен чие срце на неколку моменти застана за чука, и за телевизијата Фокс Спортс открива што му рекол фудбалерот кога буквално го оживеа.

– Дојде до свест за околу 30 секунди откако го оќивеавме. Ги отвори очите и почнав да зборувам со него. Тоа беше многу емотивен момент бидејќи во ваквите случаи, шансите за враќање во живот се ниски. Го прашав: Дали си со нас?. Кристијан ми одговори: Сум. Имам само е**ни 29 години – открива Клајнфелд.

Видео на денот