Откриени разбојниците од казиното „Адмирал“

Јавен обвинител започна истрага против двајца мажи кои го ограбиле казиното „Адмирал“ на улицата а улица „12 Македонска Бригада“ во Скопје. Според ОЈО, еден од осомничените е осомничен за помагање во разбојништвото.

Според ОЈО, осомничениот 22-годишен скопјанец, на 20 минатиот месец околу 22 часот, заедно со едно засега непознато лице, негов соизвршител, со употреба на пиштол се заканил на двајца вработени во казиното „Адмирал“ лоцирано на улица „12 Македонска Бригада“. Маскирани со фантомки, разбојниците влегле од задната врата на казиното и одзеле 126.161 денари. Второосомничениот, 19-годишен скопјанец, ги чекал двајцата сторители во возилото „ауди А5“ кое го ставил на располагање за обезбедување превоз, со што помогнал во вршењето на кривичното дело. Откако осомничените излегле од казиното, биле пресретнати од полицајци, па побегнале. Судот го прифати барањето на ОЈО на еден од осомничените да му е определен притвор со траење од 30 дена, наведува Обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот