Откриени повеќе детали за капетанот на крузерот кој го предизвика бродоломот во Будимпешта

Фото: EPA-EFE/ZOLTAN BALOGH

Капетанот на огромниот речен крузер кој се судри со малото туристичко бродче во реката Дунав во Будимпешта, бил капетан на еден брод кој исто така предизвикал несреќа во Холандија во април.

Од Унгарија пренесуваат дека според истрагата капетанот ги избришал податоците од својот телефон по судирот во Будимпешта.

Денеска се извлечени уште две тела од Дунав, со што бројот на мртви во несреќата се зголемил на 15.

Од 33 Јужнокорејци кои се наоѓале на бродот, 13 од нив како и двајца членови на екипажот се водат како исчезнати.

По судирот на туристичкото бротче со крузерот спасени се седум јужнокорејски туристи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот