Откриени нови жртви во бродската несреќа во Будимпешта – Бројот на мртви расте

Полицијата во Унгарија денеска објави дека е пронајдена и идентификувана вкупно 27-мата жртва на бродската несреќа што се случи во мај во  реката Дунав во Будимпешта.

Унгарските медиуми пренесуваат дека телото на една жена било извадено од Дунав во селото Макад, на оддалеченост од 58 километри од местото на несреќата.

Претходно беа пронајдени 26 тела. Меѓу жртвите 24 се Јужнокорејци и двајца унгарски членови на екипажот.

Уште еден јужнокорејски државјанин е исчезнат, а седум се спасени.

Капетанот на бродот, кој се смета дека ја предизвикал несреќа, засега е единствениот осомничен и откако беше уапсен привремено е ослободен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот