Откриени нови здравствени придобивки од зелениот чај

Unsplash
Unsplash

Покрај добро познати здравствени придобивки од зелениот чај, како што се подобро варење, па дури и чувство на смиреност, неодамнешните истражувања сугерираат дека зелениот чај може да биде поврзан со други позитивни здравствени исходи.

Го намалува ризикиот од срцеви заболувања

Овој смирувачки пијалок може да помогне во спречување на срцеви заболувања. Неколку студии објавени во последните 10 години сугерираат дека зелениот чај може да помогне во намалување на нивото на лошиот холестерол. Всушност, неодамнешната студија објавена во „European Journal of Preventive Cardiology“ покажа дека оние кои пиеле зелен чај најмалку три пати неделно, имаат 20% помали шанси да развијат срцеви заболувања и да добијат мозочен удар.

Може да помогне во спречување на тумори

Неодамнешна студија објавена во списанието „Nature Communications“ откри дека специфично соединение во зелениот чај наречено „Epigallocatechin gallate“ може да ги инхибира процесите што го деактивираат туморскиот протеин P53, одговорен за сузбивање на туморот и обновување на ДНК. Се разбира, потребни се повеќе истражувања за да се потврдат овие наоди.

Го намалува ризикот од смрт од срцев или мозочен удар

Друга потенцијална придобивка од пиењето зелен чај е тоа што може да ви помогне да се опоравите од мозочен удар или срцев удар. Според неодамнешното истражување објавено во списанието „Stroke“, преживеаните од мозочен удар кои пиеле најмалку седум шолји зелен чај на ден имале 62% помал ризик од смрт. Оние кои преживеале срцев удар, исто така, имале ризик да умрат за неверојатни 53%.

Може да го продолжи вашиот животен век

Се покажало, според истражувањето спроведено во 2020 година на повеќе од 100.000 учесници, дека оние кои пиеле зелен чај најмалку три пати неделно, живееле околу една година и три месеци подолго од оние кои не пиеле зелен чај. Сепак, резултатите потпираат само на набљудувачки студии кои проучувале пиење зелен чај и долговечност. Со други зборови, не е јасно дали зелениот чај е директна причина што им овозможи на овие луѓе да живеат малку подолго, пишува „Eat This, Not That“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот