Откриени нови тајни од „Волчјата јама“ на Хитлер во Полска

Фото: Принтскрин/РТ

По повеќенеделни ископувања, во некогашното седиште на Адолф Хитлер на Источниот фронт, сместено во Полска, пронајдени се повеќе предмети.

Озлогласеното нацистичко седиште „Волчја јама“ во голема мера останало недопрено, откако Хитлер го напуштил во 1944 година.

Меѓу новооткриените предмети, меѓу другото, има и чешли, жилети, четкички за заби, плочи, табли и други предмети кои се оставени во овој воен комплекс, сместен длабоко во полската шума.

Меѓу пронајдените артефакти имало и една запалка, која на изненадување на истражувачите, работела и по 75 години. На многу предмети имало жиг со нацистичката свастика и други симболи, пренесува РТС.

Зенон Пјотрович, генералниот директор на историскиот локалитет, нагласува дека секое ново откритие е драгоцено, бидејќи покажува како овој сложен систем функционирал за време на војната. На пример, историчарите пронашле чинија на која пишувало „берберница“.

„Волчјата јама“ е локација на која полковникот Клаус фон Штауфенберг се обидел да изврши атентат на Хитлер во 1944 година. Нацистите во 1945 година потполно го напуштиле бункерот пред офанзивата на советската Црвена армија.

Локацијата е отворена за посетители за време на деведесетите години на минатиот век.

Видеото од пронајдоците можете да го погледнете тука.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот