Откриени нови резерви на гас кои на Иран може да му донесат 40 милијарди долари

Резерви на природен гас беа откриени на полето наречено Ерам во Иран, во близина на Персискиот Залив.

Иран во неделата, на 13 октомври го објави откритието на резерва на природен гас со капацитет за создавање скоро 400 милиони барели гасен кондензат, што може да и донесе до 40 милијарди долари. Се проценува дека во Ерам има околу 19 трилиони кубни метри гас.

Заменик-генералниот директор на Националната иранска компанија за нафта (NIOC), Реза Деџан, рече дека користејќи геофизички техники за истражување и дупчење, постои можност да се пронајдат неоткриени резерви на нафта и гас, што ќе придонесе за богатство на Иран.

Неодамнешните голем број американски санкции, кои ја исцрпуваа земјата економски, се обидоа да го намалат нуклеарниот капацитет на Иран, но истакнаа дека тоа нема да ги спречи да напредуваат во областа на развојот на енергијата.

Реза Деџан потсети дека со 159 милијарди барели обновливи јаглеводороди, Иран се наоѓа на четвртото место во светот во однос на пронајдени резерви на нафта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот