Откриени нови детали за разводот на Бен Афлек и Џенифер Лопез: Ќе биде најскапиот и најсложениот во историјата
Како што пишуваат странските медиуми, разводот на актерската двојка Џенифер Лопез (55) и Бен Афлек (51) е сè поблиску.
Нивниот заеднички пријател за „Пејџ сикс“ вели дека парот официјално ќе го објави разводот до крајот на летото. Дополнително, тој објасни дека се сигурни во својата одлука.
Откако раскинаа во 2004 година, тие постојано се прашуваа „што би било, кога би било“. Тие се занесени со носталгија и сомнежи, па затоа, како што вели нивниот близок пријател, решиле да се венчаат во 2022 година.
„Тоа беше моментот кога решија да се обидат… Џенифер многу ја сакаше таа венчавка – фустани, пријатели, украси, ја сакаше со години“, рекол изворот и додал:
„Сфатија дека не фунционираат на долги патеки и, ете, готово е.“
Пријателот исто така истакнува дека Џенифер и Бен се еден од најбогатите парови благодарение на нивниот успех.
„Посебно Џенифер, затоа мислам дека разводот ќе биде скап“, рекол пријателот и додал дека ова ќе биде „една од најсложените и најскапите процедури досега“.
„Бен веќе го најде својот нов дом, а Џен ќе го избере нејзиниот. Целосно е решено и нема интерес ниту причина некој од нив да се повлече“, заклучил извор близок до актерите.
Документите за нивниот развод се финализирани, но сè уште не се поднесени, тврдат неодамна повеќе извори, а објави „Дејли мејл“. Пријателите на актерката тврдеа дека таа била особено вознемирена од ненадејното купување на куќа од Бен во Пацифик Палисадес, Лос Анџелес на нејзиниот 55-ти роденден.
„Тие подготвија документи за развод пред еден месец, но чекаат вистинско време да ги испорачаат “, изјавија тогаш изворите.
Инаку, Афлек ја купи куќата само неколку дена откако парот ја стави на продажба својата палата на Беверли Хилс. Џенифер претходно ја откажа турнејата и се појави сама на премиерата на нејзиниот нов филм „Атлас“ во Лос Анџелес. После тоа, двојката беше видена на кошаркарскиот натпревар на синот на Бен, Семјуел, каде што со своето однесување покренале и сомневања за развод.
Гласините дека имаат проблеми во бракот започнаа во мај, кога извор близок до парот откри дека Бен изнајмил стан и дека парот имал намера да го продаде својот „дом од соништата“. Домот на Афлек бил на кратко возење од домот на неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер во Брентвуд.
Бен Афлек ја понижи Џенифер Лопез: Се чувствува целосно изневерена