Откриени нови 14 возачи без дозволи

Сообраќајна контрола / Фото: Архива на Слободен печат

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден при контролите низ сообраќајниците низ Полошкиот регион открила 14 нови случаи на возачи кои возеле без соодветни дозволи.

Според СВР Тетово, при засилените сообраќајно-контролни активности биле откриени вкупно 96 прекршоци (на тетовското подрачје 47 и на гостиварското 49).

– Меѓу овие прекршоци, 14 лица ги управувале возилата без положен возачки испит (ТЕ-7 и ГВ-7). Меѓу прекршоците откриени се и 11 возила (ТЕ-8 и ГВ-3) на кои им била истечена регистрација, 17 непрописно паркирани (ТЕ), додека 16 возила, односно возачи не почитувале првенство (ТЕ-6 и ГВ-10) – вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Сите вчерашни прекршоци соодветно се заокружени со 47 прекршочни и 49 мандатни платни налози и прекршителите ќе се соочат со законски предвидените санкции.

Неделава на Тетовско-гостиварското подрачје откриени се околу триесетина „диви” возачи. Од почетокот на годината откриени се близу 300 случаи. Според статистките на МВР на годишно ниво, во Полошкиот регион бројката на откриени лица кои управуваат без возачки дозволи надминува една илјада.

Низ цела Македонија во „мрежата” на сообраќајците годишно паѓаат петоцифрена бројка на возачи без возачка дозвола. Во 2017 година откриени се околу 13.700, а претходната имало 15.500.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот