Откриени мигранти во товарен воз што пристигнал од Грција

Фото: Илустрација

Сите се пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија.

Вкупно 62 мигранта се откриени вчера попладне при контрола на два товарни воза кои пристигнале на Железничката станица Гевгелија од Грција.

Во првиот воз се пронајдени 42 мигранта од кои 38 од Мароко, двајца од Сирија и двајца од Алжир. Мигрантите се откриени во 15:55 часот од страна на полициски службеници од полициската станица „Богородица” и полициски службеници од Република Чешка и Австрија откако возот пристигнал во 15:25 часот.

Подоцна, во 19:00 часот вечерта, при контрола на товарен воз кој, исто така пристигнал од Грција, пронајдени се уште 20 мигранти, осум од Пакистан, седум од Авганистан, три од Мароко и двајца од Алжир.

Сите се пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот