Откриени кои се кодните имиња на кралицата Елизабета и принцот Хари

Ако некој е под лупа на јавноста, тоа сигурно е британското кралско семејство. За тоа во добар дел е заслужна и мистеријата која владее околу неговите членови.

Деталите од приватниот живот на кралицата Елизабета и нејзините наследници се многу интересни, а животот во внатрешноста на палатата ги интересира сите.

Така овие денови во британските медиуми исплива информација дека телохранителите на кралицата Елизабета (93) имаат посебно име за неа кога таа се појавува во јавноста.

„Daily Mirror“ пишува дека телохранителите кралицата ја нарекуваат Шерон (Sharon) или само Ш (S). Тоа е нејзиното кодно име за да и се заштити идентитетот. Кога комуницираат со пораки, телохранителите кралицата ја нарекуваат само „Ш“.

Интересно е тоа што нема само кралицата Елизабета кодно име. „Mirror“ пишува дека Дејвид Стивенс (David Stevens) и Девина Скот (Davina Scott) се кодните имиња за принцот Хари (Harry, 35) и Меган Маркл (Meghan Markle, 38) .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот