Откриени два нови симптоми на омикрон, може да се појават во устата

омикрон
Фото: Profimedia

Express.co.uk се позанимавал кои се симптомите на варијантата омикрон и на кој начин би требало да се заштитиме.

И додека коронавирусот главно го поврзувавме со температура, кашлица и губење на сетилото за мирис, на листата е додаден уште еден необичен симптом кој може да се појави во устата.

Варијантата омикрон на коронавирусот успешно го заобиколува имунитетот и покренува нов бран на коронавирусот ширум светот. Можеби мислите дека само температурата, кашлицата и отежнато дишење се симптоми кои укажуваат на заразата со ковид-19, но всушност варијантата омикрон носи нови симптоми кои можеби не би ги поврзале со актуелниот вирус.

Станува збор за таканаречениот географски јазик и афтите.

Она што најмногу ги загрижи здравствените работници е фактот дека новата подваријанта на коронавирусот може да ги зарази и оние кои неодамна имале коронавирус.

Експертите велат дека симптомите не се разликуваат премногу од оние кои го следат омикронот од почетокот на неговото појавување, но на листата додаваат два нови симптоми, а тоа се појавата на афти во устата и т.н. географски јазик.

Апликацијата „Zoe Covid Study“ ги пријавува афтите како вообичаен симптом на инфекцијата со омикрон. Од 59 заразени со новиот коронавирус, афтите во устата се појавиле кај 24 пациенти.

Според тврдењето на научниците, овој симптом често се поврзува со губењето на сетилата за мирис и вкус.

Уште еден од можните нови симптом на коронавирусот е таканаречениот географски јазик, односно јазик со црвеникави и бели рабови или со длабоки бразди кои се доста изразени и наликуваат на релјефна карта.

За да се заштитиме од разболување, се препорачува носење маски, особено во затворени простори каде има многу луѓе.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот