Откриени досега непознати детали од детството на кралицата Елизабета: Страдала од опсесивно-компулсивно пореметување

Profimedia

Новата книга на авторката Венди Холден, „The Guverness“, изнесе досега непознато тврдење за 94-годишната кралица Елизабета Втора. Според овој податок од нејзиното детство, кралицата патела од опсесивно-компулсивно пореметување поради кое, на пример моливите секогаш ги сложувала во рамна линија за да се чувствува сигурно.

Книгата која на Амазон е опишана како историска и биографска зборува за Марион Крафорд, која била учителка и гувернанта на Елизабета додека била млада принцеза.

13-годишната принцеза Елизабета и нејзината сестра Маргарет во придружба на нивната гувернанта Марион Крафорд одат на служба на Ројал навал колеџот во Дармут. Тогаш принцезата Елизабета го запознала својот иден сопруг, принцот Филип/Profimedia

Едно поглавје од книгата открива дека Елизабета компулсивно ги сложувала моливите и тањирите кога имала можност за тоа.

Кралското семејство и нивните кучиња, 1937/Profimedia

Марион, која се специјализирала за детска психологија, сфатила дека станувало збор за опсесивно пореметување. На прашањето зошто така ги сложува предметите, Елизабета ѝ одговорила дека поради тоа се чувствува сигурно, но на прашањето сигурна од што, никогаш не ѝ одговорила“.

 

Елизабета и нејзината сестра Маргарет во придружба на нивната гувернанта Марион Крафорд/Profimedia

Марион Крафорд во нејзината книга „Малата принцеза“ од 1950 година признала дека тогаш идната кралица, која таа ја викала Лилибет, била многу уредно девојче кое своите работи ги чувало беспрекорно уредно.

Кралицата Мери со нејзините внуки Елизабета и Маргарет/Profimedia

 

Своевремено станав прилично загрижена за Лилибет и нејзините фази. Стана скоро премногу уредна. Во текот на вечерта неколкупати би станувала од креветот за уредно да ги сложи чевлите и облеката“, открила Марион, додавајќи дека сестрата на Елизабета, Маргарет, набрзо почнала да ја имитира и да ѝ се смее поради таквите постапки.

Принцезите Елизабета и Маргарет, 21. 4. 1926, Лондон/Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот