Откриени детали за повторното собирање на екипата од култната серија „Пријатели“

Profimedia
Profimedia

Обожавателите со нетрпение го очекуваат враќањето на славната шесторка на екраните, а сега откриени се и некои детали. Грег Гранде, главниот дизајнер на сетот за една од најпопуларните серии на сите времиња „Пријатели“, заслужен е за уредувањето на нивното омилено собиралиште кафулето „Централ парк“, но и становите на сите главни ликови, сега на Инстаграм објави фотографија со која откри интересен детаљ.

Profimedia
Profimedia

– „Псст! Нешто се случува, дежа ву….стигнуваат уште еднаш и тоа во живо!“ напиша тој под фотографијата и додаде хаштаг со кој откри дека станува збор за фотографија од станот на Моника Гелер, која ја играше Кортни Кокс. Токму таму, најверојатно, ќе се одвива нивната повторна средба.

Инаку како што е познато не станува збор за снимање нови епизоди, туку тоа ќе биде разговор на шесте главни ликови. Дејвид Швимер, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Метју Пери, Мет Ле Бланк и Џенифер Анистон ќе зборуваат за серијата која им донесе светска слава во 1994 година и која ја снимаа цели десет години.

Instagram
Instagram

– Ништо не е по сценарио, не сме во своите улоги, туку се претставуваме самите себеси, иако постои еден детаљ кој нема да го откријам, но, за кој сите моравме да прочитаме нешто – откри Дејвид Швимер во телевизиско интервју.

Инаку за повторната средба на пријателите, чие снимање неколку пати беше одложувано поради пандемијата, наводно планирано е Елен Деџенерис да биде водителка. Главните актери очекуваат дека ова ќе биде едно забавно шоу во кое ќе се присетат на најитентересните мигови од снимањата, а ќе прозборат и за животот потоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот