Откриени 78 мигранти кај штипската населба Три Чешми

Фото: Принтскрин/Kanal MUP-a RH i policije

Лицата кои ги превезувале мигрантите се уапсени, а во тек е истрагата за да се утврди од кои земји доаѓаат мигрантите.

Откриени се 78 мигранти кај штипската населба Три Чешми на патот во изградба Штип – Кочани. Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова во соопштение до медиумите информира дека мигрантите се откриени рано утрово околу 4 часот кога полициски службеници од Регионалниот центар Исток и СВР-Штип сопреле моторно возило со скопски регистарски таблички.

Возилото го управувал 46-годишниот С.П., совозач му бил 32-годишниот Т.Р, двајцата од Велес,  кои претходно не застанале на даден знак на полицијата.

По потргата, во возилото се пронајдени  78 мигранти. Возачот и совозачот се уапсени, а во моментов во полициската станица во Штип се разговара со мигрантите и се утврдува од кои земји доаѓаат.

Дополнителни информации надлежните ќе соопштат по расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот