ОтПод надвозникот на магистралниот пат Струмица – Штип, вчера вечерта околу девет часот, кај клучката за Радовиш, од полициски службеници од Полициската станица Радовиш биле пронајдени 17 лица-мигранти, инфомрира МВР.
-Две од откриените лица се од Пакистан, еден од Сомалија, пет од Иран и девет од Авганистан. Во близина од надвозникот, покрај патот за Радовиш, било пронајдено и патничко возило „рено лагуна“, со тетовски регистарски ознаки, за кое пронајдените мигранти изјавиле дека биле истоварени од него- наведуваат оттаму.
По наредба на Јавен обвинител мигрантите се предадени во Привремениот транзитен центар Винојуг-Гевгелија за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.