Откриени 17 мигранти во близина на Штип

Во близина на Штип утринава откриени се 17 мигранти. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека мигрантите, кои нелегално се движеле во близина на Штип се фатени од страна на полициските службеници на Регионалниот центар-Исток и се однесени во прифатниот ценатар во Гевгелија. Мигрантите утринава се забележани во неколку групи во близина на градските гробиша во Штип и во близина на регионалниот пат Штип-Радовиш.

Тоа не е случај на криумчарење на мигранти, односно не се движеле со помош на шверцери.

Во рок од осум дена ова е трет случај на фатени мигранти во близина на Штип. Во првиот случај се фатени 40 мигранти, кај штипското село Лакавица, вториот случај беше на 1 март во недела, кога полицијата и Регионалниот центар Исток во близина на штипската населба Три Чешми во камион фатија 78 мигранти, а двајцата шверцери беа лишени од слобода. Во рок од осум дена во близина на Штип се фатени вкупно 135 мигранти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот