Откриени 105 новозаразени со јужноафриканскиот вид на коронавирус во Велика Британија

Здравствениот систем во Британија e под притисок, Џонсон не воведува нови мерки /Фото: Yui Mok / PA Images / Profimedia

Британската Влада соопшти дека во земјата се регистрирани случаи на зараза со новиот јужноафрикански вид коронавирус кај лица кои не патувале во странство ниту биле во контакт со луѓе кои допатувале во земјата од странство.

Во различни делови на Велика Британија од 22 декември до денеска кај 105 луѓе е откриен јужноафриканскиот вид Ковид-19. Лицата кај кои е откриен мутираниот вид на вирусот се во самоизолација, а исто така е покрената и акција да се пронајдат сите кои биле во контакт со заразените лица и да се стават во самоизолација.

Епидемиолозите тврдат дека јужноафриканскиот вид на Ковид-19 полесно се пренесува, но нема докази дека предизвикува потешка клиничка слика кај инфицираните лица.

Клиничките истражувања покажаа дека вакцините на компаниите Новавакс и на Џонсон и Џонсон помалку штитат од заразување со јужноафриканскиот мутиран вирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот