Откриена тајната за успешен мултитаскинг

Фото: Pixabay

Секој од нас, често и несвесно, прави некаков вид на мултитаскинг секој ден. Многуте одговорности секој ден едноставно нѐ принудуваат да правиме повеќе работи истовремено, без разлика дали станува збор за деловни или приватни работи.

Додека некои тврдат дека мултитаскингот всушност го заморува нашиот мозок и влијае на продуктивноста, други тврдат дека успешниот мултитаскинг е возможен и корисен!

Еве неколку работи на кои треба да обнете внимание:

  • Списокот на обврски е задолжителен

Она што најчесто го правиме погрешно е тоа што го занемаруваме фактот дека е важно работите што треба да ги направиме во текот на денот да ги запишуваме на хартија. Така е полесно да се постават приоритетите.

Секојдневните обврски и различните неочекувани ситуации на работа можат да ги нарушат нашите планови што сме ги замислиле за тој ден и во такви моменти едноставно можеме да заборавиме да направиме нешто.

За да го избегнете тоа, направете си список со обврски за секој ден! Покрај тоа, важно е да си поставите приоритети, затоа најдобро е да започнете со поважните задачи или со оние за кои знаете дека ќе треба да одвоите малку повеќе време.

  • Започнете со слични задачи

Поврзете слични задачи или активности. Така ќе ги зголемите вашите шанси за успешен мултитаскинг. Ако се обидете да правите повеќе неповрзани работи истовремено, ќе изгубите фокус, ќе ја намалете вашата продуктивност и ќе потрошите многу време.

За мултитаскингот да биде успешен, важно е да имате добри услови за тоа. Ако ве вознемируваат чести прекини од колегите, замолете ги да не го прават тоа, или работете дома, ако сте во можност. На некои луѓе им пречи бучавата или музиката во позадина. Ако имате сличен проблем избегнувајте такви простории или едноставно набавете си слушалки.

  • Понекогаш е подобро да продолжите следниот ден

Не е тајна дека мултитаскингот го оптеретува мозокот и потребен е соодветен одмор со цел да продолжите успешно да работите неколку работи истовремено. Ако забележите дека сте преморени, дека губите фокус и концентрација, не продолжувајте со мултитаскинг! Доколку сте во можност, пренесете дел од задачите за наредниот ден кога ќе бидете свежи и одморени.

  • Запознајте се подобро

Важно е да се знаете себе си и начинот на функционирање при извршување на задачите за подобро да го организирате вашиот распоред. Ако сте најпродуктивни наутро, обидете се да ги направите сите важни задачи уште на почетокот на работното време. Ако знаете дека некои работи ги правите побавно од другите, оставете повеќе време за нив во вашиот организациски распоред. Не се форсирајте премногу затоа што тоа ќе придонесе само намалување на мотивацијата и зголемување на фрустрацијата поради неизвршување на задачите.

  • Мултитаскингот може да биде и забавен

Не е тајна дека некои задачи ќе ги завршите побрзо и полесно во комбинација на некои работи што ви овозможуваат задоволство. Така, додека работите можете да си ја пеете вашата омилена песна или да го пиете вашето омилено кафе. Комбинирајте рутински задачи со забавни работи во кои уживате и кои ве опуштаат, па така целото мултитаскинг искуство ќе биде поефикасно и полесно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот