Откриена тајната за подолг живот: Топол туш и добро друштво

unsplash

„Заборавете на сите најнови производи против стареење или препарати за потење во теретана“, вели велнес експертот Марта Зараска откривајќи ја тајната на долговечноста.  И таа е многу поедноставна отколку што мислите!

Истражувањата покажаа дека клучот за долг и среќен живот е подеднакво поврзан со квалитетно поминатото време со пријателите и семејството, како и со добрата исхрана и вежбањето.

„Постојат многу биолошки врски помеѓу нашиот социјален живот и здравјето, а причината е што ние сме социјален вид. Ние најдобро функционираме кога сме опкружени со други луѓе“, објаснува Марта Зараска.

Марта верува дека кога станува збор за здравјето, правиме голема грешка кога се потпираме на брзите решенија.

„Ние сме општество кое обожава лесни решенија, а таблетите се совршени за тоа. Ќе проголтате нешто и одеднаш, магично, живеете подолго или сте поздрави. Но, за жал, тоа е илузија. Не постојат чудотворни апчиња“, вели таа.

Фокусирајќи се на нашиот социјален живот, не само што можеме да живееме подолго, туку можеме да бидеме и многу посреќни.

„Долгорочните придобивки за развојот на вашето здравје преку пријателство, оптимизам и љубезност се сè покорисни затоа што тоа исто така ве прави посреќни“, објаснува Марта.

Еве некои од нејзините совети за долг и среќен живот:

Јавете се на пријател

Иако во последно време сè почесто сите користат текстуални пораки или социјалните мрежи за да бидат во контакт со своите пријатели сепак, телефонските јавувања можат да бидат добри за здравјето.

Дали сте знаеле дека кога ќе го слушнете гласот на некој наш близок, вашето тело се ослободува од окситоцин (често познат и како хормонот на љубовта) во поголеми количини отколку кога комуницирате текстуално. Затоа имајќи го предвид вашетп здравје, треба да знаете дека многу поважно е да слушнете нечив драг глас.

Туширајте се со топла вода

Осаменоста не само што е непријатна, туку го зголемува и ризикот од заболување. Но, ако дружењето со луѓе претставува потешкотија, особено во време кога се соочуваме со пандемија, постојат и други работи што можете да ги направите за да се чувствувате подобро.

Истражувањата покажуваат дека доколку држиме нешто топло или се туширате со топла вода може да го активира делот од мозокот наречен инсула. Инсулата го поврзува чувството на социјална врска со нашата перцепција за температура. Тоа е затоа што нашиот мозок ја поврзува топлината со блискоста.

Бидете добри соседи

Љубезноста има неверојатен ефект врз нашата благосостојба, а исто така може да го намали и крвниот притисок. Постојат многу начини да бидеме љубезни кон другите. Зошто на пример да не направите колачи за вашиот сосед или да понудите онлајн купување на некој што има проблем со пристап до интернет?

Прегрнете ги вашите најблиски

 Познато е дека разновидната палета на бактерии во цревата го зајакнува здравјето па дури и спречува депресија, но дали сте знаеле дека контактот со други луѓе може да биде исто толку корисен? Тоа е затоа што луѓето разменуваат микроби додека се гушкаат. Затоа прегрнете ги најблиските.

Придружете се на виртуелен хор

 Истражувањата покажуваат дека правењето работи во друштво ја зголемуваат вашата благосостојба повеќе отколку истото да го правите сами.  Пеење во хор или танцување во група поттикнува чувство на поврзаност и произведува повеќе ендорфин отколку кога пеете или танцувате сами.

Ендорфините се одлични за нашето здравје бидејќи се природни средства против болки. Па зошто да не се обидете да се приклучите на некој хор или да одите на часови по танц?

Поминете време со најблиските

 Дружењето со најблиските не само што ќе ве направи посреќни, туку може и да ви помогне да живеете подолго. Осамените луѓе имаат и до три пати поголема веројатност да умрат предвреме. Тие имаат пократки теломери, структури кои најчесто се наоѓаат на краевите од секој хромозом, а хромозомите учествуваат во процесот на стареење.

Намалете ги грижите

 Кога истражувачите ја проучувале французинка Жен Калмент кога имала 100 години, ја откриле изненадувачката тајна за нејзиниот долг живот. Покрај тоа што имала добри гени, таа воопшто не се грижела. Истражувањата покажуваат дека оптимизмот може да го продолжи животот дури за 10 години. Додека пак, избегнувањето да се размислува за грешките во минатото го зајакнува имунитетот кај постарите лица. Можеби тоа била тајната на нејзиниот неверојатно долг живот, таа живеала цели 122 години!

Волонтирајте

 Конзумацијата на медитеранска храна го намалува ризикот од смрт за 22%. Но, дали знаевте дека волонтирањето може да го има истиот ефект? Не обидувајте се да пресметате дали пет порции брокула неделно вреди исто како и два часа волонитрање. Навистина најважен е општиот дух – да се биде друштвен и внимателен го подобрува здравјето барем исто колку и традиционалните фактори за здрав начин на живот.

Пронајдете цел

 Честопати кога ќе помислиме на јапонците, најдолговечната нација во светот, прво на памет ни доаѓа нивниот начин на исхрана. Но, во Јапониа, целта во животот се смета за двигател на здравјето. Истражувањата покажуваат дека луѓето живеат подолго ако имаат стремеж, без разлика дали тоа е успех во кариерата, помагање на деца, добротворни цели или нешто друго што им е важно.

Фокусирајте се на љубовта

 Ако сакате да живеете подолго, обидете се да си најдете партнер или да се посветите на вашата моментална врска, бидејќи среќниот брак може да го намали ризикот од смрт за 49%.

Постојат многу биолошки врски помеѓу социјалниот живот и здравјето. Окситоцинот прави да се чувствувате пријатно кога сте со саканите, но исто така ја намалува болката и има антиинфламаторни својства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот