ОТКРИЕНА ТАЈНАТА: Што се случуваше 7 часа пред да биде објавено дека Меган се породила?

epa-efe
Фото EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Војвотката Меган Маркл се породи во понеделникот во 5.26 часот по локално време, а британските медиуми шпекулираат дека кралското семејство имало одлична тактика за тоа да помине далеку од очите на папараците.

Меган и Хари скришно излегле од својот имот и се упатиле во болницата, но без придружба, за да не се знае дека се токму тие. Така тајно пристигнале во болницата, а на ист начин и пристигнале дома.

Информацијата дека Меган е во родилната сала до медиумите пристигна седум часа подоцна, а по помалку од еден час беше објавено и раѓањето на нејзиниот син.

Како што наведуваат британските медиуми, освен Хари, со нејзе била и мајка ѝ Дорија. Таа во луксузната болница пристигнала со друго возило.

 

Бонус видео:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот