Откриена тајната за најинтригантното кралско пријателство: Што ѝ пишувал принцот Филип во писмата на Дијана?

Foto: EPA-EFE/WILL OLIVER/SVEN SIMON/Profimedia

Принцот Филип јавно го осуди својот син, принцот Чарлс, кога тој одлучи да ја остави принцезата Дијана поради Камила Паркер, а еден од кралските дописници, Ричард Кеј, за Дејли Мејл откри уште неколку непознати детали од односот на принцот Филип и Дијана.

Дијана, наводно, во една прилика на своите пријателки им се доверила дека за брачните проблеми главно разговара со својот свекор наместо со сопругот и дека тој е единствената личност која во целост ја разбира.

Дописникот сепак тврди дека тоа не било секогаш така. На почетокот, принцот Филип наводно збеснувал на самото спомнување на името на Дијана бидејќи мислел дека таа не е дорасната за задачата на правилен начин да се поврзе со кралската институција. Сепак, подоцна станал многу приврзан за неа.

Често ѝ пишувал писма во кои се потпишувал на посебен начин: „Со љубов, Па (тато)“.


Како татко на ќерка

Писма започнал да и испраќа за време на 1992 година, кога нејзиниот брак со Чарлс бил на клацкави нозе, а на крајот тој резултираше со развод.

„Неговите писма кон Дијана беа исполнети со топлина и љубов, токму како што еден татко и пишува на својата ќерка“, открила една од пријателките на Дијана.


Дијана редовно му одговарала на писамата, а му доверувала и некои свои најголеми тајни и не криела колку ја болело неверството на Чарлс.

„Само глупав човек би ја оставил Дијана поради Камила“, заклучил принцот Филип во едно од своите писма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот