Откриена тајната на мумифицираната бремена женa во Египет: Мистеријата за која зборува целиот свет

youtube
принтскрин

Научниот свет со денови зборува за откритието на полските египтолози, кои со детално скенирање откриле мумифицирана бремена жена.

Поради коскената структура на малите деца, нивните остатоци ретко се наоѓаат. Состојбата со фетусите на починати бремени жени е уште потешка, па затоа ова откритие е од голема важност.

Тоа исто така ова открите зборува за староегипетското верување во задгробниот живот. Тие верувале дека нероденото дете е живо и затоа го оставиле во утробата на починатата мајка за да премине со неа на другиот свет. Процесот на мумификација вклучува отстранување на сите внатрешни органи и ткива што може да го оштетат телото на починатиот за време на процесот на распаѓање.

Проектот започнал уште во 2015 година, а била користена најсовремената технологија за испитување на артефактите. Целиот процес на истражување се случил во Националниот музеј во Варшава, во кој учествуваа неколку научници.

Претходно, се сметало дека мумијата е свештеник, но рендгенските снимки откриле дека всушност станува збор за жена во подоцнежните фази од бременоста.

Експертите кои работеле на проектот сметаат дека остатоците најверојатно ѝ припаѓаат на жена која потекнувала од повисока класа, на возраст од 20 до 30 години и се верува дека починала во 1 век п.н.е.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот