Откриена српско-финска операција за растурање на мархиуана, уапсени осум лица

Фото: МВР Србија

Во заедничка операција на припадниците на српското Министерство за внатрешни работи, Секторот за внатрешна контрола и полицијата на Финска уапсени се осум лица, додека по едно уште се трага, поради сомнение дека извршиле кривични дела и неовластено производство, чување и ставање во промет на опојни дроги.

Полицијата во Србија уапсила четири лица, од кои едно е полициски службеник, додека на територијата на Финска се пронајдени три лаборатории за производство на марихуана, а притоа исто така се лишени од слобода четири лица.

Членовите на оваа криминална група се сомничат дека на територијата на Финска организирале производство на марихуана во вешачки услови, нејзина продажба и префрлање на заработените пари во Србија.

При претрес на објектот во кој биле сместени лабораториите во Финска се пронајдени 650 стебла на канабис, опрема и поголема количина на пари, евиденција за продажба на дрогата и договор за откуп на објкетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот