Откриена причината за смртта на актерот Мајкл К. Вилијамс

мајкл кенет вилијамс
Мајкл Кенет Вилијамс / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Американскиот актер и продуцент Мајкл Кенет Вилијамс беше еден од најценетите и најпознатите таленти на неговата генерација. Актерот беше пронајден мртов во својот стан во Њујорк на 6 септември, а сега е објавена причината за неговата смрт, пренесува „Би-Би-Си“.

Мајкл К. Вилијамс пронајден мртов во својот стан во Њујорк: Актерот отворено зборуваше за неговата долгогодишна борба со дрогата

Имено, актерот (54) починал од предозирање со комбинација на хероин, кокаин, фентанил и п-флорофентанил, потврди главниот патолог на Њујорк. Канцеларијата на главниот патолог во Њујорк истакна дека е утврдено дека актерот за жал починал од случајно предозирање. Вилијамс бил во бесознание кога неговиот внук го пронашол во станот на 6 септември.

мајкл кенет вилијамс
Мајкл Кенет Вилијамс / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Актерот во минатото отворено зборуваше за неговите проблеми со дрогата. Во една прилика, тој откри дека, додека глумел во серијата „Тhe Wire“, користел дрога „на застрашувачки места, со застрашувачки луѓе“. Сепак, тој рече дека не земал „ништо посилно“ од кокаин и марихуана.

„Си играв со оган. Беше само прашање на време кога ќе бидам фатен и ќе завршам на насловната страница на еден таблоид, во затвор, или, во најлош случај, мртов“, изјави тој во 2012 година.

Вилијамс, исто така, беше дел од серијата „Boardwalk Empire“ во улога на Алберт Вајт, и беше дел од филмските хитови како што се „Lovecraft Country“, „12 Years a Slave“, „Motherless Brooklynк“ и многу други…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот