Откриена новата руска тактика: Борбата за Доњецк продолжува, градот Сиверск нова мета на руските напади

Фото: принтскрин

Британското Министерство за одбрана, кое редовно ја следи ситуацијата на фронтот во Украина, објави дека е забележливо дека руските сили сега се концентрираат во правец на Сиверск, осум километри западно од сегашната линија на рускиот фронт.

Британците претпоставуваат дека руските сили ќе направат пауза тука за повторно да го наполнат оружјето пред да преземат нови офанзивни операции во регионот на Доњецк.

Во извештајот се додава дека украинските сили продолжуваат постепено да напредуваат во југозападниот сектор Херсон.

Британското министерство за одбрана смета и дека постои реална можност непосредна тактичка цел на Русија да биде градот Сиверск, додека нејзините сили се обидуваат да напредуваат кон нивната најверојатна оперативна цел, урбаната област Славјанск-Краматорск.

Ситуацијата беше критична во блискиот регион Доњецк во изминатите денови, а украинскиот гувернер на регионот, Павло Кириленко, најави дека е неопходна евакуација на 350.000 жители од оваа област со цел да се спасат животи и да се овозможи на украинскиот војската подобро да ги брани градовите од руското воено напредување

Украинската армија претходно во неделата ги повлече војниците од градот Лисичанск, кој исто така се наоѓа во близина, додека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и Путин објавија дека со заземањето на тој град, Москва ја добила контролата врз целата луганска област .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот