Откриена нова кралска тајна: Принцот Чарлс пред Дајана бил во врска со нејзината родена сестра!

профимедиа

Принцот Чарлс пред да се забавува со принцезата Дајана, бил во врска со нејзината родена сестра Сара Спенсер.

Меѓутоа, Сара не сакал да ја венча, бидејќи пред него таа имала многу момчиња.

профимедиа

Малку има останато необјавено и нераскажано кога станува збор за брачниот живот на принцот Чарлс и принцезата Дајана. Меѓутоа, неодамна во јавноста се појавил разговор од Лејди Ди и нејзината комшика Дејна Брук. Дајана во интервју во 80-те години го изјавила тоа пред да се венча со принцот Чарлс.

Дајана на Дејна ѝ рекла како мисли дека Чарлс „фрлил око“ на неа и дека ќе ја ожени неа наместо сестра ѝ Сара.

профимедиа

Лејди Ди во интервјуто рекла дека мисли како таа е подобар избор за кралското семејство, бидејќи не „скокала во различни кревети“ како нејзината сестра, односно била девица.

„Дајана беше несигурна и срамежлива. Секој пат кога ќе ја сретнев, се криеше и како да сакаше да биде невидлива. Од се на неа, најмногу ги памтам нејзините очи. Синозелени очи кои изгледаа како светло од автомобил кога ќе ве погледне“, рекла Брук, пренесува британскиот Експрес.

Брук рекла и дека Дајана тогаш ѝ признала како е во врска со идниот крал.

профимедиа

Дајана тогаш раскажала дека таа и Чарлс се наоѓаат во медијски хаос без било каква причина и дека кралското семејство не направило доволно да ја заштити од новинарите. Се пожалила дека ѝ пречат трачевите како навечер се сретнува со принцот, но ѝ признала на новинарката дека смета како ја избрале за кралска невеста само поради тоа што е девица.

„Мојата сестра се состануваше со него, а јас повеќе им одговарам бидејќи немам минато позади себе. Не трчав од кревет во кревет“, објаснила принцезата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот