Откриена мрежа за шверц со мигранти: Уапсени 17 лица

Мигранти / Фото: EPA/Bienvenido Velasco

Вкупно 17 лица се приведени во Велика Британија, Франција и Романија во истрага за мрежа на шверцери со мигранти.

Тие делувале од север на Франција и ги превезувале мигрантите кон Велика Британија, соопшти денеска француската полиција.

Истрагата за трговија со луѓе се води од 22 август 2018 година, откако полицијата пресретнала неколку возачи со романско потекло во обид да го преминат Ламанш со мигранти скриени во возила.

Полицијата соопштила дека тие возачи се обидувале да префрлат мигранти во Велика Британија од пристаништа на бреговите во Франција, Белгија и Холандија.

Истрагата ја почнало француското првосудство со меѓународна соработка и поддршка од Европол и Европската агенција за правосудна соработка. Истрагата брои „најмалку 259 обиди за превоз на мигранти“, од кои 167 биле успешни.

Се проценува дека оваа криминална мрежа заработила речиси 3,6 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот