Откриена формулата за долговечната љубов на познатите парови!

Profimedia
Фотографија: Profimedia

Истражувањата покажале дека некој од најдолговечните и најскладните бракови се склопени помеѓу партнерите кои биле пријатели пред да станат љубовници, а таа формула ја позајмиле и славните парови.

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс

Славниот пар се запознал на сетот на филмот „Green Lantern“. Веднаш кликнале, но воопшто не им паднало на памет дека би можеле да бидат нешто повеќе од пријатели. Тие започнале романтична врска после година дена пријателство, а многу брзо после тоа го изговориле и судбоносното „ДА“. Денес се горди родители на 3 деца.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

Кралскиот пар се запознал додека студирале на Универзитетот Св. Ендруз во Шкотска. Кејт и Вилијам делеле заедничка љубов према спортовите и активностите на отворено, па така станале многу добри пријатели. Во втората година од студирањето нивното пријателство прераснало во љубов, а во 2011 година тие ја крунисаа таа љубов со брак. Заедно имаат три деца: принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.

Мила Кунис и Ештон Качер

View this post on Instagram

Dodgers??

A post shared by Mila Kunis Official.? (@mila_kunis_oofficial) on

Мила и Ештон прво биле колеги кои заедно ја снимале серијата „Луди 70-ти“, со тек на времето станале многу добри пријатели, а дури пред неколку години сфатиле дека се направени еден за друг. Тие го изговорија судбоносното да во 2015 година на интимна венчавка на која биле присутни само најблиските членови од семејството, а денес имаат две деца – ќерката Вајат и синот Димитри.

Џејда Пинкет Смит и Вил Смит

Џејда го запознала Вил кога дошла на аудиција за улога во популарната тв-серија „Принцот од Бел Ер“. Иако не ја добила улогата, американската актерка започнала пријателство со Вил, кое подоцна прераснало во голема љубовна приказна. Во брак се од 1997 година, а заедно ги одгледуваат ќерката Вилоу и синот Џејден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот